Секој празник има свое посебно мени и свое правило за храна. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што го спојува целото семејство заедно. Меѓу тие празници е и Божиќ, кој се смета за најголемиот празник и има своја Божиќна трпеза.

Традиционалната Божиќна трпеза во светот

Секоја Божиќна трпеза во светот е различна и има своја традиција која се негува. Во некои земји служат посна, додека пак во некои мрсна храна. Има земји кои имаат месо за главно јадење, а во други пак десертот е тој што ја заокружува убавината на трпезата. Сумирано, секоја држава има своја, сама по себе интересна традиција на прославување на Христовото раѓање.

Германија 

Во оваа западна земја во Европа, празникот се слави два дена, на 25-ти и 26-ти декември. Ноќта пред Божиќ, целото семејство се собира околу трпезата. Главното јадење, како дел од нивната традиционална Божиќна трпеза се состои од печена храна, обично гуска или риба. Заедно со главното јадење, како додаток, се служи и салата, најчесто зелка.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза-1 Source: www.hannover.esn-germany.de

Шведска

Оваа традиција во Шведска е многу поинаква и поинтересна од оние традиции што веќе до сега сме ги знаеле или сме ги слушнале. Во Шведска со прославување на празникот се започнува порано, од денот Св. Луција. Таму, најстарата ќерка во фамилијата се облекува во бело, а на главата носи круна од гранчиња од бобинки. Така облечена, го служи целото семејство.

Најчесто се служи со кафе и со земичка. Традицијата продолжува и во наредните две недели  со шведска маса. Шведската маса има вкусна Божиќна трпеза, која вклучува ладна риба, ладни меса, црвена зелка и шунка. Покрај ладната храна има и топли јадења како ќофтиња, колбаси и карамел компири.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза-2Source: www.hulutrip.com

Филипини 

За прославата во оваа претходна шпанска колонија, може да се каже дека е една од најдобрите во светот. Прославувањето таму започнува од 16-ти декември. Кога ќе дојде периодот за поставување на Божиќна трпеза, уличните продавачи застануваат пред црквите и продаваат разни јадења, меѓу кои и нивното вкусно топло чоколадо.

Овој нивни Филипински специјалитет е направен од обоен ориз, зачинет е со кокос и кафеав шеќер и се слуши во бабмусова туба. После тоа, започнува нивната главна забава. На забавата се служи димена шунка и печена свиња, а во другите јадења на трпезата спаѓа и динстувана опашка од вол.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза-3Source: www.restaurant.com

Божиќната трпеза во Македонија

Секоја Божиќна трпеза го означува крајот на четириесетдневниот Божиќен пост. Менито на една трпеза е претежно посно, почнувајќи од главното јадење, па се до десертот. Рецептите се обично по желба на домаќините. За трпезата претежно се смета тоа дека колку е побогата, толку побогата ќе биде годината.

Вечерата започнува со кршење на лебот, па продолжува вечерата со јадење и пиење. До крајот на вечерата, трпезата не се собира. Следниот ден, на трпезата се служи мрсна храна. Мрсната трпеза содржи јагнешко месо, кифли, салати итн.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза-4 Source: www.idividi.com.mk

Еве ви неколку интересни и привлечни рецепти кои ќе го збогатат вашето мени.

 1. Салата со Сардина

Сардината и дава вкус на Италијанска трпеза, додека пак јајцата и кромидот, ја спуштаат на онаа традиционална македонска и вкусна кујна. Микс од вкусови сплотен во еден прекрасен божиќен рецепт. 


Source: www.marthastewart.com

Состојки:

  • 3 сардини Бадуко
  • 3 јајца Супер јајце
  • 2 – 3 моркови
  • 300g ориз Дариана
  • 1 главица кромид
  • 300g мајонез Полимарк
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Оризот се става да се вари,  а кога ќе биде готов треба да се стави во цедалка да се исцеди.
  2. Јајцата се варат во посебен сад и потоа се сецкаат ситно.
  3. Во друг сад, се варат морковите па се сецкаат.
  4. Потоа, сите состојки се ставаат во длабок сад каде се додаваат и претходно исецканиот кромид, како и претходно издробената сардина со вилушка, без маслото.
  5. Се додава сол и бибер. Сето тоа добро се меша, па на крај се додава мајонезот. Се промешува и се сервира по желба.

2. Ќофтиња со скуша и кашкавал

Ова се ќофтиња, кои ќе ја збогатат вашата трпеза со необичен и неодолив вкус. Ќофтиња чиј вкус не се среќава секој ден.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза-6 Source: www.mrfood.com

Состојки:

  • 1.5 kg компири
  • 250g шунка Маестро
  • 250g Ајдамер Еко Шар
  • 1 главица кромид
  • Сол и бибер
  • Масло Дијамант
  • Магдонос
  • 3 јајца Супер јајце

Подготовка:

  1. Компирите, шунката и кашкавалот се рендаат во длабок сад. Се додава изренданиот ромид, ситно исецканиот магдонос, солта и биберот.
  2. Се додаваат јајцата и добро се меша.
  3. Доколку смесата е многу течна, може да се додаде малку презла.
  4. Со лажица се формираат ќофтињата и се пржат во врело масло додека не добијат убава румена боја.

3. Посна салата

Посното е дел од секое празнично мени. Оваа салата не само што е вкусна и лесна, во целост е полн погодок за вашата трпеза.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза- Source: www.myincrediblerecipes.com

Состојки:

  • 425g пченка Бондуеле
  • 425g грашок Бондуеле
  • 400g црвен грав Подравка
  • главица црвен кромид
  • 1 пиперка
  • домат
  • магдонос

За прелив:

  • сок од 1 лимон
  • 100 ml маслиново масло Санса
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер, по вкус

Подготовка:

  1. Во длабок сад се става пченката, грашокот и црвениот грав. Се додава ситно исецканиот кромид, исецканата пиперка и ситно исецканиот магдонос.
  2. Потоа добро се промешуваат состојките, па се преливаат со претходно измешаниот сок од лимон со маслиново масло, сол и бибер.
  3. На крај, повторно се промешува и одозгора се става ситно исецканиот домат.

4. Скуша со зеленчук

Скушата е составен дел од секоја Божиќна трпеза. Овој пат, сервирана со зеленчук ја прави вашата трпеза богата не само со бои, туку и витамини.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза- Source: www.sapagrouptours.com

Состојки:

Зачини:

  • црн бибер
  • сол и мешан зачин
  • 450g Златна мешавина Фриком

Подготовка:

  1. Најпрвин скушата се листи и се мие со ладна вода.
  2. Во внатрешноста се става сецкан лук, магдонос, се ставаат зачините, па сето тоа се прелива со маслиново масло.
  3. Одозгора се цеди сок од цеден лимон и се остава така да одстои неколку часа. Рибата се реди во плех, се покрива со фолија и се пече во веќе загреана рерна.
  4. На крај на печењето, се вади фолијата за да добие убава златна боја.
  5. Златна мешавина се вари во солена вода, потоа се цеди и се сервира во чинијата, до скушата како додаток.

5. Солени непечени мафини

Доколку мислевте дека мафините се вкусни само кога се благи, сте се излажале. Овие солени, богати со различни вкусови мини мафини, само ќе ве натераат да ги јадете едно по друго.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза- Source: www.fantasiedicucina.it

Состојки:

Пoдготовка:

  1. Модлите за мафини се обложуваат со хартија за печење.
  2. Во модлите се започнува со редење. Прво се става лист кашкавал, па се става сецкана печеница, се продолжува со фета (која е претходно издробена со вилушка) па на крај се додава и рендан кашкавал. Оваа постапка се повторува се додека не се наполни калапот. Одозгора треба да се заврши со лист кашкавал.
  3. Модлата се става во топла рерна, неколку минути, барем додека се растопи кашкавалот. Потоа се вади од рерна и се остава да се олади.
  4. Доколку калапот е голем, може да се исече на два или на 4 дела.

6. Посен куглоф

Некои луѓе не ги преферираат посните рецепти, но овој куглоф иако посен – е посебен. Овој куглоф вреди да се проба.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза- Source: www.likecroatia.com

Состојки:

  • 250ml газирана вода Горска
  • 150 ml масло Дијамант
  • 150g шеќер
  • 2-3 лажици мед
  • 500g брашно Мекиците од стража
  • 2 лажици какао Кибела
  • 150g мелени ореви
  • 200g суво овошје
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • Суво овошје по желба
  • Шеќер во прав за посипување

Подготовка:

  1. Во сад на оган се ставаат водата, маслото, шеќерот и медот. Смесата се остава да зоврие, а потоа се тргаа на страна да се олади.
  2. Сувото овошје се сецка ситно и се меша заедно со брашното, какаото, содата бикарбона и мелените ореви. Оваа смеса се става во оладената течност и се меша постепено.
  3. Калапот за куглофот се премачкува со маргарин. Смесата се истура врз калапот и се остава да се пече во загреана рерна околу еден час.
  4. По желба, се посипува одозгора готовиот куглоф со шеќер во прав.

7. Пишкоти со панакота

Доколку сакате да пробате нешто ново, интересно и поинакво, тогаш овој панакота рецепт е вистинскиот овој Божиќ за вас и вашите најмили.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза- Source: www.oversixty.com.au

Состојки:

  • 400g пишкоти Соко Штарк
  • 2 кесички Инстант Кафе Гранд (400ml)
  • 1 лажица рум
  • 500ml Мегле Панакота
  • 5 јајца Супер јајце
  • 15 лажици шеќер

Подготовка:

  1. Инстант кафето се подготвува по упатство, се додава румот и се остава да се олади.
  2. Во длабок сад се матат јајцата заедно со шеќерот, додека постепено се додава панакотата.
  3. Во плех се редат пишкотите, кои претходно се натопени во кафето, а одозгора се става од кремот. Постапката се повторува.
  4. Се декорира по желба и се остава во фрижидерот додека се олади.

8.Чоколаден чизкејк

Едно десерт мени, не е правилно мени, доколку не вклучува чоколадо. Поради тоа, ви избрав еден грациозен рецепт од кој вашата Божиќна трпеза ќе засјае.

Каква-треба-да-биде-една-Божиќна-трпеза-11 Source: www.leafly.com

Состојки:

  • 300g мелена Плазма
  • 200ml млеко Битолско
  • 50g маргарин Дијамант
  • 100g чоколада Менаж

Фил:

  • 300g крем сирење АБЦ
  • 100g шеќер во прав
  • 500g слатка павлака Халта
  • 200g Нутела
  • 200g чоколадо Менаж

Прелив:

  • 100g чоколадо Менаж
  • 5 лажици павлака
  • Рендано црно чоколадо

Подготовка:

  1. Се зема длабок сад и се става на оган. Во садот се додава маргаринот, а постепено и млекото за да се соедини.
  2. Во садот се додава чоколадото да се растопи потоа се трга на страна и се додава плазмата. Тоа треба добро да се измеша, па се остава смесата да се олади.
  3. Истата таа смеса, се става во садот во кој ќе го правите чизкејкот.
  4. Крем сирењето се мати заедно со шеќерот, се додава нутелата и целото тоа се промешува.
  5. Во посебен сад се мати слатката павлака, се додава претходно растопеното чоколадо, па двете смеси се соединуваат заедно.
  6. Подготвениот крем се става врз слојот од плазмата. Чоколадата се топи и се додаваат неколку лажици слатка павлака. Сето тоа добро се промешува и се прелива врз чизкејкот. Се декорира по желба.

Заклучок

Сумирано, не за џабе луѓето викаат “Кај и да си, за Божиќ дома да си”. Овој е еден од најголемите Христијански празници кој го собира целото семејство заедно. За овој посебен празник, луѓето со желба се враќаат во домовите, за да го прослават заедно со своите најблиски Христовото раѓање.