1-ви февруари според стариот календар, или 14-ти февруари според новиот календар е денот на кој се празнуваат празниците свети Трифун и свети Валентин. Свети Трифун претставува православен празник посветен на виното и лозјето, додека свети Валентин е католички празник, ден на кој се празнуваат љубовта и пријателството ширум светот.

Во голем број земји во светот на 14-ти февруари се празнува свети Трифун или свети Валентин, но во последно време на овој ден најчесто се прославуваат двата празника истовремено.

Историја за настанувањето на празниците свети Трифун и свети Валентин

Иако свети Трифун и свети Валентин се прилично познати и комерцијализирани празници ширум светот, за нивните почетоци и историја на празнување се знае многу малку.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-2Извор:www.blogoslovmk.wordpress.com

Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во малоазиската област Фригија. Тој потекнува од верско семејство, каде наклонетоста кон Бога му била пренесена од неговите побожни родители. Свети Трифун бил обдарен од Бога со исцелителна моќ со која преку молитви лекувал луѓе од разни болести.

За исцелителната моќ на свети Трифун дознал тогашниот римски император Гордијан, чија ќерка боледувала од душевна болест која ниту еден од докторите не можел да ја излекува. Легендата вели дека неговата ќерка Гордијана односно нејзиниот лош дух проговорил дека само Трифун е тој што можел да ја излекува. Бидејќи не било назначено кој Трифун, сите од царството кои го носеле името Трифун биле доведени кај царот за да се обидат да ја излекуваат неговата ќерка. Момчето Трифун по самото доведување веднаш ја излекувало ќерката на царот за што бил богато награден, а даровите кој ги добил ги поделил на сиромашните.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-3Извор:www.vecer.mk

За време на владеењето на царот Децение кој бил голем противник на христијанството, било наредено свети Трифун да биде затворен и мачен, сè со цел тој да се откаже од својата наклонетост кон Бога. По неколку дневно мачење за кое свети Трифун не се откажал од вербата во Христа, било наредено да биде погубен. 1-ви февруари односно 14-ти февруари по новиот календар,  бил денот кога тој требал да биде погубен, каде пред самиот чин од истоштеност и умор тој паднал и починал.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-4Извор:www.pravoslavenmolitvoslov.wordpress.com

Православната црква го слави како исцелител и светец кој се смета за заштитник на лозјата и почвата. Лозарите го прославуваат 14-ти февруари како ден на кој се закројуваат лозјата и се залеваат со вино сè со цел возобновување на лозјето и буен напредок во пролетта. На овој ден лозарите одат прв пат во календарската година на своите лозја со надеж дека овој светец ќе им помогне грозјето да биде благо и заштитено од штетници и временски непогоди.

За време на владеењето на римскиот император Клаудиј II , на римските војници им било забрането да се женат бидејќи била потребна поголема посветеност во војничките битки. Свети Валентин се спротиставувал на забраната на римскиот император за женење, и во тоа време тој тајно склучувал бракови помеѓу младите војници и нивните избранички.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-5Извор:www.vecer.mk

За овој чин тој бил остро осуден, затворен и потоа погубен. Легендата вели дека Валентин испратил проштално писмо на една слепа девојка која се грижела за него додека тој бил затворен и измачуван. По примањето на писмото, девојката прогледала.

Од тука започнало испраќањето на писма кон саканите, а 14-ти февруари го добил епитетот – ден на љубовта. Обичајот за прославување на овој ден во чест на свети Валентин бил воведен од ќерката на англискиот крал Хенри IV уште во 17 век, и оттаму тој се проширил во целиот свет. На овој ден се празнува љубовта, почитта и пријателството.

Како се празнува свети Трифун – денот на виното

Во Македонија овој ден е проследен со разни обичаи во разни краеви од земјата. Во поголемиот дел од градовите во Македонија, рано изутрина се оди во црква каде по утринската молитва, попот свети вода која се раздава на верниците.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-6Извор:www.chateaukamnik.com

Се верува дека со попрскување на лозјата и градинарските култури со оваа света вода тие ќе бидат заштитети од штетници и временски непогоди во текот на целата година. Покрај попрскувањето со света вода, тие и се закројуваат за поголем бериќет и принос.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-7Извор:www.medias.rs

Од деветнаесеттиот век па се до денес во некои краишта овие обичаи за традиционално закројување на лозите останале достојни на своите корени а пак во некои тие се модифицирани или пак повеќе не се практикуваат.

Како се празнува свети Валентин – денот на љубовта во светот?

Славењето на свети Валентин е многу стара традиција која се практикува уште од римското време односно од седумнаесеттиот век. Римјаните во средината на февруари го прославувале празникот наречен Луперкалија, во чест на почетокот на пролетта. Под дејство на црквата, овој празник бил заменет со прославување на светиот маченик Валентин и оттогаш 14-ти февруари се слави како ден на љубовта.

Во однос на начинот на прославување на свети Валентин тој се прославува на разни начини низ светот.

Во Јапонија прославувањето на овој празник е во чест на мажот, односно разгалување на машкиот пол. Иако карактеристика на жените во Јапонија е срамежливоста, тие за овој ден подаруваат традиционални чоколади именувани “Giri Choco”кое во превод значи облигационен чоколаден подарок. На свети Трифун тие ги подаруваат овие облигаторни чоколади на сите познаници од машкиот пол своите колеги, пријатели дури и своите директори.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-8Извор: www.superhappyawesome.co

Од друга страна пак за своите љубени, сопрузи или момчиња постои друг тип на чоколадо наречен “Honmei-Choco” кој во превод значи омилено или вистинско вкусно чоколадо. Бидејќи 14-ти февруари во Јапонија е наменет само за машкиот пол, еден месец подоцна односно на 14-ти Март оваа “услуга“ машкиот пол ја “возвраќа“ на женскиот пол, а овој ден уште се нарекува и “Бел Ден”.

Во Италија прославувањето на свети Валентин е во стилот на Пролетен фестивал. На овој ден двојките уживаат заедно во музиката, поезијата и размената на традиционалните чоколади со лешник наречени“baci perugina”.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-9Извор: www.baciperugina.com

Франција – Градот на љубовта, претставува центарот на светот за свети Валентин каде што голем број двојки го посетуваат овој град сè со цел денот на љубовта да го поминат во “најзаљубениот” град на светот. На овој ден се разменуваат голем број на писма како и поеми придружени со најразлични слатки подароци.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-15.jpgИзвор: www.attraction-tickets-direct.co.uk

Во Соединетите Американски Држави овој ден е екстремно популарен. Може да се каже дека буквално секој жител на САД подарува подарок на своите наставници, родители, брачни партнери со еден збор секој секому подарува подарок. Оваа традиција е донесена од англиската колонија во деветнаесеттиот век, и оттогаш таа е популарна помеѓу американското население. Во последните години овој празник е премногу изкомерцијализиран и тогаш се трошат милиони долари купувајќи подароци, цвеќе, бомбоњери како и подарување на љубовни картички. Минатата година за овој ден биле потрошени 19 билиони долари и биле купени 250 милиони црвени рози.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-10Извор: www.usnews.com

Во Англија постоела интересна традицијата поврзана со вечерта на свети Валентин. Жените во Англија поставувале 5 ловрови ливчиња на секој агол од перницата и еден во центарот со надеж дека на овој начин ќе го сонуваат идниот сопруг.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-11Извор: www.history.org

Оваа традиција ретко може да се види овие денови, но сеуште некои од жените во Англија ја практикуваат. Со модернизација на времето овие обичаи се заменети со разменување на најразлични подароци наменети за денот на вљубените.

Како се празнува 14-ти Февруари во Македонија?

Во последно време во Македонија 14-ти Февруари најчесто се поминува со чаша вино во присуство на саканите, односно на овој ден истовремено се празнуваат двата празника.

Православниот празник свети Трифун и прославувањето на неговото мачеништво во Македонија е проследено со обичаи кои сеуште се практикуваат во лозарските региони, и кои се многу актуелни секоја година.

Овој ден се започнува со утринската литургија по која се продолжува на лозовите насади кои се полеваат со света вода и каде се закројуваат три лози придружени со благословот “Дај Боже бериќет”, од страна на свештени лица. По закројувањето на лозите се продолжува во винариите каде се прославува со вино и храна сè со цел богат род на лозите и полни бочви вино во текот на целата година.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-12Извор: www.vesti.mk

Покрај прославувањето на свети Трифун во Македонија се прославува и свети Валентин – денот на љубовта. Иако свети Валентин е католички празник, сепак сите млади вљубени парови ја одбележуваат својата љубов подарувајќи разни подароци, цвеќе, чоколади, мечиња. Во македонските излози доминираат црвените срциња со натписите “Те сакам”, чоколади во срцевиден облик со црвена панделка и прекрасни цветни аранжмани во знакот на љубовта.

Свети-Трифун-или-Свети-Валентин-14Извор: www.win4000.com

Доколку треба со една реченица да биде опишано прославувањето на 14-ти февруари во Македонија, таа би гласела: Прегрнати со саканиот во придружба на чаша вино славејќи ги љубовта и животот.

Заклучок

Иако постојат многу различни ставови околу тоа кој е празникот кој треба да биде прославуван свети Трифун или свети Валентин, сепак во Македонија истовремено се празнуваат и двата празника. Свети Трифун – заштитникот на лозите  е празнуван како христијански празник ширум нашата земја посебно во Тиквешијата и пределите богати во лози.

Свети Валентин – денот на љубовта иако е католички празник, младите се во исчекување на овој ден за да ја искажат својата љубов кон саканиот/а на романтичен начин подарувајќи најразлични подароци.

Одбележете го овој ден со добра чаша вино во присуство на саканите. Среќен свети Трифун и свети Валентин.