Постојано е присутно прашањето дали домашно приготвената или готовата бебешка храна е подобра и дали постои разлика помеѓу нив? Голем број родители се против храната во тегличка, но истовремено многу родители секојдневно ја употребуваат готовата бебешка храна во исхраната на своите деца.

Дали навистина готовата бебешка храна го заслужува епитетот “лоша”? Со напредокот на технологијата и употребата на органски продукти за подготовка на готова бебешка храна таа воопшто не заслужува да биде именувана како “лоша”.

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-2Извор: www.reference.com

Готовата бебешка храна која е во комерцијална употреба се состои од намирници кои се со одличен квалитет, без присуство на додатоци како сол и шеќер, вештачки бои или конзерванси. Во моментов постојат голем број компании кои се со долгогодишно искуство во производството на бебешка храна. На полиците во маркетите можете да најдете многубројни видови на кашички и сокчиња од разни брендови специјализирани во произведување на детска храна.

Иако постојат многу спротиставени мислења во однос на тоа дали домашната или пак готовата храна е подобра, сепак секоја од нив си има свои предности и недостатоци.

Недостатоци на готовата бебешка храна   

Најчесто поставуваното прашање е : Дали готовата бебешка храна содржи подеднакво хранливи состојки како домашно приготвената?

При производство и пакување на готовата бебешка храна обврзувачки е таа да биде готвена на висока температура при што се губат хранливите состојки од нејзиниот состав. Овој недостаток е најчестата причина заради која многу родители се одлучуваат за домашно приготвување на бебешка храна.

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-3Извор: www.facebook.com

Како втор недостаток на храната во тегличка е тоа дека таа е со слична текстура и вкус без оглед на нејзиниот состав. Вкусот на кашичката од телешко со морков споредено со онаа која содржи пилешко и морков е многу сличен. Еднаквоста на вкусовите подоцна може да му зададе потешкотии на детето во јадење разновидна исхрана односно храна чии вкусови далеку се разликуваат од оние на кашичките.

Бебешката храна во тегличка е многу поскапа од онаа која е домашно подготвена а исто така содржи и конзерванси. Иако обврзувачки е секој производител да го наведе составот на бебешката храна, понекогаш не знаеме што точно е содржано во тегличката –  што претставува еден од недостатоците на готовата храна.

Предности на готовата бебешка храна

Готовата бебешка храна си има и свои предности. Препорака на педијатрите е разновидна исхрана, а сезонски тоа не е секогаш возможно да се изреализира со постоечките свежи намирници. Кашичките во вакви моменти се одлично решение.

Доколку сакате во оброкот на вашето дете да биде вклучена кајсијата која изобилува со витамини и минерали, а сте во средина на зимата тогаш готовата кашичка од кајсија е вистинскиот избор. Hipp производите се едни од најзастапените во продавниците во Македонија, производи кои се со 60 годишна традиција и посветеност во производството на бебешка храна. Овој производител нуди 60 видови на органски кашички кои го задоволуваат вкусот на секое дете. Широкиот асортиман на Hipp покрај кашичките вклучува и сокчиња кои исто така се со разни вкусови на кои ниту едно дете не може да одолее. Сокот од праска со крушка или пак сокот од гројзе и јаболко се вистинска хранлива и разновидна ужинка за вашето дете во зимскиот период.

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-6Извор: www.redmart.com

Како предност на готовата бебешка храна може да се напомене нејзината лесна преносливост, односно можност за вкусен и хранлив оброк на вашето дете доколу патувате или пак немате време во текот на денот за подготовка на домашна храна.

Како главни предности на готовата бебешка храна можат да се издвојат лесна достапност (широка распространетост во маркетите) како и транспорт притоа вклучувајќи го големиот избор од широкиот асортиман на производителите на бебешка храна.

Предности и недостатоци на домашно приготвената храна

Главна предност на готвената храна е тоа што точно знаете кои се состојките кои се содржани во оброкот на вашето дете. Најлесниот начин за да го навикнете вашето дете на домашно готвена храна е со отпочнување на нејзина примена од најрана возраст.

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-7Извор: www.todaysparent.com

Домашно приготвената бебешка храна при готвењето не ги губи витамините и минералите, бидејќи за нејзина подготовка не е потребна високата температура која што е обврзувачка за храната во тегличка. Со ваквиот начин на поготовка на храната сите хранливи состојки, (антиоксиданти, витамини и минерали) содржани во овошјето и зеленчукот се задржани, и истите се неопходни за правилен раст и развиток на вашето дете.

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-5Извор: www.ringeraja.mk

Како недостаток на домашната бебешка храна е потребното време за нејзино приготвување. Современото општествтво и секојдневниот недостаток на време нè принудуваат да сме во потрага по рецепти кои се со кратко време на подготовка а истовремено да ги содржат сите хранливи состојки потребни за децата.

Нашите предлог рецепти за домашно приготвена бебешка храна кои се со краткотрајна препарација а притоа ги вклучуваат потребните витамини и минерали за вашите деца ќе ви бидат од голема корист.

1.Кашичка од јаболко, круша, банана и ориз (5 месечна возраст)

За да го скратите времето на подготовка користете блендер во кој сите состојки за кратко време ќе ја достигнат потребната текстура соодветна за вашето дете.

Потребни состојки: 

  • ½ банана
  • ½ варено јаболко со отстранета лушпа
  • ½ варена крушка која е излупена
  • 50 гр варен ориз – без додатоци

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-8Извор: www.pinterest.com

Начин на подготовка:

Јаболкото и крушката сварете ги заедно во сад со јана вода бејби, само колку да омекнат. Варете околу 5 минути.

Во посебен сад со јана вода бејби сварете 100 грама ориз на кој не му додавате ниту еден зачин (сол, шеќер).

Исцедете ги јаболкото, крушата и оризот и додадете ги во блендерот заедно со бананата.

Блендирајте околу 30-тина секунди, додека не добиете мазна текстура на кашата.

Овој оброк е одличена ужинка за вашето дете, а воедно ги содржи сите хранливи состојки потребни за оваа возраст на детето.

2.Кашичка од морков, спанаќ и пилешко бело месо (7 месечна возраст)

Потребни состојки:

  • 1 морков
  • 100 гр спанаќ
  • 50 гр пилешко бело месо

Начин на подготовка:

Пилешкото месо ставете го во сад со вода да се вари.

Спанаќот се мие и сецка на ситни парчиња. Исецкајте го морковот на тенки кругови. Морковот и спанаќот се додаваат по 30 минути во садот во кој се вари пилешкото.

Кога сите состојки се меки, се ставаат во блендер и се блендираат додека не добиете хомогена смеса на каша.

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-9Извор: www.youtube.com

3.Кашичка од телешко месо со компир и морков (8 месечна возраст)

Потребни состојки:

  • 50 грама телешко месо
  • 1 компир
  • 1 морков

Начин на подготовка:

Во сад со вода ставете го телешкото месо да се вари. Откако месото е половина сварено додајте ги излупените и исецкани компир и морков. Варете додека не бидат омекнати (околу 40 минути).

Префрлете ги состојките во блендер на кој можете да додадете 1 лажичка путер за подобрување на вкусот.

Како додаток на оваа кашичка исто така можете да употребите кисело млеко или пак јогурт. Иако е потребно подолготрајна припрема на овој оброк, нема дете кое може да одолее на овие вкусни намирници.

4.Риба со брокула, грашок и компир (10 месечна возраст)

Домашно-приготвена-vs-готова-бебешка-храна-10Извор: www.beta.com.pe

Рибата кај многу деца предизвикува одбивност заради својот интензивен мирис. За да го избегнете овој проблем практикувајте да ја комбинирате рибата со зеленчук кој има остар вкус. Нашиот предлог е со додаток на брокула и грашок.

Потребни состојки:

  • 50 грама бела риба (ослиќ, бранцин, пастрмка)
  • 50 грама брокула
  • 50 гр грашок
  • ½ компир

Начин на подготовка:

Рибата можете да ја варите или пак да ја испечете во рерна. Кој начин и да го одберете внимавајте да не ја преварите или препечете рибата бидејќи таа ќе стане жилава и тешка за голтање. Идеалното време за варење е околу 20-30 минути. Доколку се решите да ја печете, најлесниот начин за печење е во загреана рерна на хартија за печење на 180 целзиусови степени околу 10 минути.

Брокулата, грашокот и компирот убаво измиени и исецкани на помали парчиња ставете ги во сад со вода да се варат.

Откога зеленчукот е сварен, префрлете го во блендер во кој ќе ја додадете рибата и блендирајте додека не добиете хомогена смеса помеѓу состојките.

Рибата е извор на омега-3 масните киселини кои му се неопходни на вашето дете за правилен раст и развиток. Потрудете се да најдете рецепт за бебешка храна која ја вклучува рибата а вашето дете нема да ја одбива.

5.Грав или леќа (12 месечна возраст)

Гравот и леќата се богати со протеини, влакна, јаглехидрати, витамин Б, железо, магнезиум и цинк.

Кога вашето дете ќе ја достигне возраста од 12 месеци овие намирници мора да бидат вклучени во исхраната.

Единствената разлика во припремата на овој оброк за вашето дете е да не се додават зачини и запршки, односно овој оброк можете да го подготвите за целото семејство без додавање на црвен пипер, брашно за згуснување или пак црн пипер.

Вашето дете ќе ужива во вкусот на леќата и гравот а притоа сите овие минерали ќе бидат внесени во неговиот организам.

Извор: www.wholesomebabyfood.momtastic.com

Домашната бебешка храна скоро секогаш ја приготвуваме во поголема количина од онаа која детето може да ја изеде во еден оброк. Како недостаток на домашната храна е тоа што остатоци од храна не можат да стојат подолго од 24 часа, односно тие треба да бидат фрлени во канта за отпадоци. Како решение на овој недостаток е замрзнување на истата во калапот за коцкички за мраз и повторно да ја употребите во текот на неделата.

Извор: www.back40forums.com

Приготвувањето на бебешка храна од друга страна пак може да биде многу интересно доколку го вклучите и вашето бебе. Тоа од рана возраст ќе научи да го цени вашиот труд при подготовка на храна полезна за неговиот правилен развој.

Заклучок:

Иако постојат многу различни мислења во однос на тоа дали бебешката храна треба да биде домашно приготвена или пак готова во тегличка на крајот на денот одлуката за начинот на хранење на своите деца паѓа на товар на родителите.

Доколку вашата одлука е готовата бебешка храна, при купувањето секогаш прочитајте ги состојките кои се содржани во тегличката. Купувањето на готовата бебешка храна претствува соодветен избор доколку не сте во можност дома да приготвувате здрави оброци за вашето дете.

Храната пак која е домашно приготвена ги содржи сите хранливи материи а воедно ниту еден конзерванс не е вклучен во неа. За подготовка на бебешката храна во кујната потребно ви е време, но готвењето заедно со вашите најмили е од непроценлива вредност.