Ние сме маркети кои ја нудат најдобрата услуга во градот, и поради тоа се залагаме за врвен квалитет на сите полиња. За нашите вработени, тоа значи одлична работна атмосфера, редовни примања, можност за напредување и бројни останати бенефиции.

Ние сме секогаш отворени за вредни, услужливи и културни работници кои ја знаат и ценат добрата услуга. Услугата е нашиот приоритет бр.1 па затоа нашите вработени треба да ги сакаат луѓето, да бидат комуникативни и услужувањето треба да им биде задоволство. Вработените во нашите маркети секојдневно може да остварат контакт со над 1000 купувачи па затоа работењето кај нас пред се претставува комуникација, задоволство и насмевка.

Доколку сакаш да работиш во динамична средина, да си во контакт со многу луѓе, сакаш да превземеш водство и да ги покажеш твоите способности аплицирај на формуларот прикажан десно. Имаме потреба од работници за различни позиции, како во нашите маркети така и во администрацијата. Можеби си експерт во своето поле и мислиш дека имаш нешто можеш да ни го понудиш? И за тебе има место. Потполни го формуларот од десно и почекај го нашиот повик.

Ваши,
Рептил Маркети

Име и Презиме (задолжително)

Година на раѓање

Адреса (задолжително)

Град

Телефон (задолжително)

Email Адреса (задолжително)

Степен на образование

Работно искуство

Компјутерски познавања

Што би сакале да работите

Прикачи CV

СОГЛАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА РЕПТИЛ ВРАБОТУВАЊЕ (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)

Со пополнување на оваа апликација согласен сум ДПТУ Рептил Дооел да ги користи и обработува
моите лични податоци во пријавата за вработување дадени погоре , согласно Законот за лични податоци , како истите да ги чува за потребите на селекција и регрутација на кадар се додека има потреба од истите, по што истите ќе бидат избришани и уништени согласно со Законот за заштита на лични податоци. Сите добиени податоци ќе се чуваат во Одделот за човечки ресурси и ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за селекција и регрутација на кадар.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ WEB

Контролорот ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ Скопје со адреса ул.бул Видое Смилевски Бато бр.1/1-1 Аеродром, Скопје,e-mail: info@reptilmarketi.mk, со офицер за заштита на лични податоци Билјана Николовска, email: bnikolovska@reptilmarketi.mk, ги собира и обработува личните податоци од овој Формулар за апликација за вработување за збирката кандидати за вработување со цел истите да послужат во процесот за избор на кандидати за вработување. Личните податоци се собираат единствено за горенаведената цел, не се пренесуваат во други држави, не се пренесуваат на други контролори (трети страни) со исклучок во случаите кога тоа претставува исполнување на законска обврска или е во интерес на постапка пред надлежни институции. При чувањето и обработката на личните податоци се применуваат соодветни мерки, а истите се чуваат согласно законски определените рокови за чување.”