za_nas_logo

Лична карта за РЕПТИЛ МАРКЕТИ

20 маркети во Скопје, 3 маркети во Виница
Над 300 вработени
Визија: Маркети со најдобрата услуга во градот
Слоган: Пазарете со срце и задоволство
Број на клуб Рептил членови: 20.000
Онлајн продажба со цени од рафтот на маркетите – www.reptilmarketi.mk
Големопродажба на јавен и приватен сектор и достава до компании

Рептил маркетите ја имаат најдобрата услуга во градот!

Рептил маркетите постојат 27 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање. Нашата компанија е основана врз темелите на поранешните самопослуги Центро преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Ова ни овозможува да се истакнеме како единствен ланец-маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантира топла и искрена услуга за секој потрошувач. Рептил маркетите не ја забораваат топлината на маалските продавници. Нашиот приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето. Денес, нашата компанија располага со 19 маркети со средна големина и тие се распоредени во  различни населби во главниот град, а сега и во Виница кој број 4 маркети.

Нашиот најнов рептил Маркет во Нерези, отворен во 2023 година.

 Во потрага по целосното задоволство на нашите потрошувачи, наша втора одлика, покрај најдобрата услуга, е големиот и квалитетен асортиман на производи чија густина по квадратен метар е над просекот карактеристичен за пазарот. Како додадени вредности во нашата услуга се свежо печениот леб, багети и печива, секојдневната испорака на свежо овошје и зеленчук, како и ин-аут производите наменети за домаќинствата. Половина од маркетите имаат во понудата свежо месо и слатководна и морска риба и плодови. На нашата кујна и готовите јадења особено се гордееме, менито е големо со избор на традиционална и модерна храна.

Истовремено вршиме и дистрибуција на стока на големо за потребите на јавни и приватни компании како и достава на производи до компаниите во Скопје по цени од полица.Разумните цени се уште една наша одлика што се реализира преку бројните неделни акции, намалувања и нашиот клуб на попусти – Клуб Рептил. Клуб Рептил е семејство на потрошувачи кој моментално брои над 20.000 членови што секојдневно заштедуваат при нивното пазарење.

Со цел да го олесниме пазарењето за нашите купувачи, ја отворивме и нашата онлајн продавница marketonline.mk каде се достапни сите производи како во маркетите, а пазарењето може да се прави од сите типови на уреди и е неверојатно брзо и едноставно.  Нарачаните производи ги бираме внимателно за Вас и гарантираме за нивниот квалитет и свежина, а достава вршиме низ целата држава, во термин кој ќе го одберете Вие. Или, доколку Ви е поедноствано, производите може да ги нарачате и да ги подигнете на враќање до дома во Рептил маркетот кој е најблиску до Вас.