Постојат повеќе приказни за тоа како Свети Никола го доби името Дедо Мраз. До ден денес сме слушнале многу, но која од нив е вистинската, реалната? Како еден бискуп и светец стана симбол за прослава на Божиќните празници и реклами? Историјата ја раскажува приказната.

Човекот со име Никола

Човекот кој живеел во 4-от век во местото Мира, во тоа време Грчко, а денес Турско место, бил бискуп. Бил единствено дете на неговите родители, Нина и Теофан. Неговото име Никола, во превод значи народен победник.

Тој уште како дете се восхитувал на Светото Писмо и почнал со нејзино проучување. Откако ја проучил, почнал да се посветува на учењето од Библијата и го применувал во реалниот свет.

Неговите родители го научиле да биде посветен на Христијанството, на што всушност тој го посветил целиот негов живот. Кога починале, тој бил сеуште мал, а му оставиле голема сума пари, кои тој ги трошел за да им помогне на другите.


Source: www.historum.com

Има една интересна приказна која зборува за неговите добри и чудотворни дела. Тоа е приказната за еден човек, кој имал две ќерки. Неговите ќерки веке биле возрасни, им дошло време за мажење, а за да ги омажи му требало мираз. Во тие денови, мираз се давало на зетот од страна на родителите на невестата.

Човекот бил сиромашен, немал пари за мираз па и неговите ќерки не можеле да се омажат. Една вечер, Никола скришно фрлил кеса со златници низ нивниот оџак. Истото го повторил и за втората ќерка.

Правејќи го тоа и за втората ќерка, тој бил откриен од страна на љубопитниот татко. Иако го замолил човекот да не го открива неговиот идентитет, по некое време се дознало. Така, откако луѓето ненадејно ќе добиеле пари или за децата некој вид на подароци, знаеле дека се од него.


Source: www.stnicholascenter.org

Покрај тоа што им помагал на децата, помагал и на морнарите. Од тогаш морнарите па и другите луѓе, се молеле за негова помош додека биле на морињата. Токму поради таа негова добрина бил прогласен за светец.

Како резултат на неговата добрина, постарите сеуште го посетуваат неговиот гроб. Кога одат, тие носат или свежо овошје, или нешто друго со себе. Ова покажува дека кога тој бил верен на луѓето во негово време, денес луѓето му се верни нему. Од овошје, возрасните најчесто му оставаат зелени јаболка.

Поради тоа, христијаните денес го празнуваат неговиот ден. Домаќините јадат, пијат и се смеат со најблиските на нивната трпеза. Тие ја прославуваат неговата добрина и неговата големина пред Бога. Сепак, некои го прават тоа без да знаат зошто го слават овој ден, како и тоа дека го слават за човекот кој има и друго име.

Како Свети Никола стана Дедо Мраз

Приказната за настанокот на неговото име, всушност започнува со горенаведениот бискуп, кој продолжил по стапките на Исус “продај го тоа што го имаш и подари им го на сиромашните”. Тој го искористил тоа што му го оставиле неговите родители за да им помогне на останатите – болните, напатените и сиромашните.

После прогонството на Христијаните, бискупот бил затворен од страна на Диоклецијан. Тој го преживеал затворот со вербата во Исус. Кога се вратил, повторно застанал на својот трон, Христијански бискуп. Тој го бранел Христијанството од Аријанизмот.

За време на Викторијанскиот период, ги носел неговите црвени мантии. Ги имал во повеќе бои, но црвената му била омилена. Со неговите добри дела, тој оставил впечаток во цела Европа, па потоа и во Америка, од каде и започнува поврзаноста со денешниот човек со бела брада.

Новиот назив на Христијанскиот бискуп, еволвира од Холандското име “Sinter Klaas”, што е всушност и скратена форма од името на светецот. Во 1804-та година, Џон Пинтард, член на Историското друштво во Њујорк, на нивната годишна средба, го изгравирал ликот на Христијанскиот добротворец на дрвена подлога.

Дрвената изработка содржи слика од денешната, модерната слика која ја имаме за него. Позадината на сликата била со камин, a над каминот имало чорапи, со кои денес луѓето ги украсуваат своите домови за Божиќ и Нова Година, заедно со нивната Новогодишна елка.


Source: www.catholictradition.org

Во 1809-та, Вашингтон Ирвинг, во неговата книга “Историјата на Њујорк” го опишува бискупот како светец “заштитник” на Њујорк, што беше и придонес за да се популаризира приказната за неговото постоење.

Подоцна, во 1823-та година, е издадена уште една песна со наслов “Ноќта пред Божиќ” (The Night Before Christmas). Оваа Божиќна песна, која е денес позната кај сите Христијани, ја напишал Климент Кларк Мур. Мур на почетокот се колебал во врска со објавувањето на песната поради содржината што ја има, а исто така и поради сликата што би ја пренел кај луѓето.

Оваа негова песна е помалку виновна за сликата што ја имаме за човекот во црвен костим денес – стар, среќен, мал човек. Иако содржината на Мур е можеби преземена од други ресурси, е најголемиот придонес за негова популаризација.


Source: www.lagazzettaitaliana.com

Како што напоменав, во Северна Америка, името се појавува како резултат на Холандскиот назив “Santa Klaas”, кој на Амерички гласи “Santa Claus”, што всушност докажува колку е мала разликата, и до некаде го означува потеклото на името.

Во средината на 19-от век, т.е. во далечната 1863-та, карикатуристот Томас Наст за првпат го нацртал Дедо Мраз во црвен костим со бело крзно, густа бела брада и луле. Од тогаш, тој почнал да изработува цртежи секоја година во црвениот, и ден денес познат костим.

Што е уште поинтересно и љубезно, луѓето и ден денес оставаат на неговиот гроб по некое парче јадење. Исто како и возрасните, и децата оставаат по нешто на неговиот гроб заедно со нивните родители. Тие најчесто му оставаат чоколади.

Дедо Мраз и Кока Кола

Откако се појави на билбордите и во нивните рекламите, луѓето до ден денес мислат дека, неговиот лик го измисли Кока Кола.

Во средината на 20-от век, 1920-та година, ликот на Дедо Мраз за прв пат се појавува во Божиќна реклама на Кока Кола и е поврзана со Божиќно пазарење. Првиот насликан Дедо Мраз бил сериозен.


Source: www.AllPosters.com

10 години подоцна, во 1930-та година, Фред Мизен го насликува Дедо Мраз меѓу толпа луѓе, во продавница за алишта како пие шише Кока Кола.

Од тогаш, нивните реклами се менуваат, исто како и неговиот лик. Со текот на годините, компанијата го измени неговиот лик, направи да изгледа посреќен во рекламите. Таа среќа ни ја преточува нас за време на празниците.

На овој начин всушност стана синоним за Божиќните празници, што покажува на фактот зошто луѓето почнаа да мислат дека неговиот лик го измисли токму оваа компанија.

 
Source: www.christmasfresh.wordpress.com

Свети Никола во Македонија

Иако на почетокот, неговиот ден се празнувал на 6-ти декември, денес се прославува на други датуми. Во текот на летниот, како и на зимскиот празник се посетуваат црквите и се палат свеќи.

  • 19-ти декември, познат како зимски празник
  • 22-ри мај, празник познат како летен

Во Прилеп, се смета за заштитник на градот, а во Свети Николе, на денот на празникот се слави градски празник, додека пак во Бигорски манастир се чува делче од неговите моќи. Што е уште поинтересно, луѓето и рибарите не влегувале во Дојранското езеро и чуновите на овој ден.

Поврзано со неговите моќи заштита на луѓето кои патуваат по морињата, Марко Цепенков напишал: “Овој светец е на морињата, да ги варди луѓето од таласите на морето, за да не се удават”.

Македонските народни песни го опеваат како чувар на морињата и градител на цркви и манастири. Во друга песна е опеан како се обраќа на златна рипка, што означува дека трпезата, покрај другото, треба да биде богата исто и со риба на тој празничен ден.


Source: www.oca.org

Има една интересна, прозна приказна, во која се раскажува за тоа како им помага на сиромасите. Во приказната на Ѓаконот Јосиф се раскажува за завидувањето на овој, од страна на другите светци. Сите светци нему му биле љубоморни заради тоа што бил најпочитуван и најсакан светец од страна на луѓето.

Љубомората, ги одвела до поплаки кај Бог. Тој пратил два ангели на земјата да го најдат светецот поради кој се љубоморни и да го одведат кај него на небото. Ангелите го барале но не можеле да го најдат на земјата, ниту пак на небото. Подоцна го здогледале во морето. Кога се доближале виделе дека среде морето крепи некоја гемија за да не потоне.

Гледајќи го ова, ангелите отишле да ја пренесат веста на Бог. Бог повторно ги пратил назад кај светецот, овој пат за да му помогнат да ја извлечат гемијата на суво. Потоа го зеле и одвеле горе на небото, целиот искинат и накиснат во алиштата. Потоа Господ само ги погледнал ангелите покажувајќи им дека треба да прават добри дела како него, за да бидат почитувани од Бога и од луѓето.

Приказната завршува кога Господ заповедал, за Свети Никола да има два дена во годината, а за останатите светци по еден, додека пак за Касијан да има само еден на четири години, кој се слави на 29-ти февруари.

Како-Свети-Никола-стана-Дедо-МразSource: www.catholic.org

Во негова чест, денес скоро во сите градови во Македонија има цркви кои го носат неговото име.

  • на 18-ти декември, луѓето го слават неговиот ден.
  • на 19-ти декември, се празнува неговото име.

Како што знаете, машките кои го носат неговото име, таа вечер чекаат гости во нивниот дом. Ги служат и слават заедно.

Свети Никола во другите земји

Секоја земја си има свои обичаи на празнување. Почнувајќи од Велигден, Божиќ, па дури и другите Христијански празници, иако се заеднички на Христијанскиот народ, сепак се разликуваат по начините на празнување. Некои се различни дури и во датумите.

  • Германија – Во северниот дел на Германија, празникот се прославува на сличен начин како и во Холандија. Вечерта, децата оставаат само една чизма пред нивната надворешна врата, која уште ја нарекуваат “Чизмата на Свети Никола”. Според нивната верзија на приказната, во текот на ноќта, тој им ја полни чизмата со слатки и други подароци. Во исто време, проверува дали децата биле послушни, културни и дали помагале во нивните домови во текот на целата година. Доколку не биле умни, место подароци, добивале стапче во нивната чизма.


Source: www.giaoxugiadinh.com

  •  Холандија – Според приказната, децата кои биле умни во текот на целата година добиваат подароци. Ноќта на 5-ти декември се разменуваат подароци, додека пак на 6-ти, се слави неговиот ден. Вечерта на 5-ти, децата ги оставаат нивните чевлиња пред оџаците и пеат песни за бискупот денес наречен Дедо Мраз. Тие често ставаат морков или сено во нив, како поклон за неговиот коњ. Во последните години, коњот го доби името Америго. Наредниот ден, децата наоѓаат подарок во нивните чевлиња, обично слатки и џамлии, или некоја мала играчка.

Source: www.wallcoo.net

  • Австрија – Во Австрија се применува истата традиција, но има една разлика. Доколку децата не биле умни во текот на годината, им бил испраќан Крампус. Крампус e име на чудовиште кое постои во нивната митологија.

  Source: www.chrisholland.ch

  • Америка – Во фамилиите кои го слават овој голем празник, на децата им се поклонува храна вклучувајќи – чоколади, колачиња, мали играчки или овошје. Овие поклони им ги ставаат во чорапчиња, обесени покрај каминот, вреќи или чевли кои ги оставаат пред нивната соба.


Source: www.slavpeople.com

Заклучок

Како што зборува горенаведената приказна, Христијанскиот бискуп или Дедо Мраз, го следел учењето на Христос. Тој прави добри дела и им помагал на децата и возрасните, им носел подароци како што Бог нам ни го подари Исус. Затоа денес се разменуваат поклони со најблиските. Дали вие знаете некоја приказна за Дедо Мраз и која?