Онлајн купувањето е вид на електронска трговија која му дозволува на корисникот директно купување на услуги или производи користејќи интернет и веб пребарувач.

Првите чекори во онлајн купувањето ги направил Мајкл Олдрич. Тој во 1979-та година, со поврзување на домашниот тв приемник со телефонска линија за пренос на информација во реално време, го создал првиот телешопинг – шопинг во далечина.

Денес, овој тип на купување ни е познат како е-трговија, е-купување и онлајн купување – мулти милионски брзорастечки бизнис кој во целост го промени начинот на тргување.

Почетоците на онлајн купувањето

До 1979-та година не постоело ништо слично на онлајн купувањето. Се започнало со достава на нов модел (прототип) на 26 инчен тв приемник во канцеларија на Мајкл Олдрич, донесен за негово тестирање, бидејќи Мајкл работел во компанија која произведувала компјутери. Но, тв приемникот не предизвикал восхит за истражување, па останал долго време да стои незабележан во ќошот на неговата канцеларија.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор: www.vintagecomputing.com

На иницијатива на  еден од инженерите кој прашал дали може да погледне во внатрешноста на прототипот на тв приемникот, сè со цел да види која е неговата модифицирана содржина, дошол до сознае дека во внатрешноста на тв приемникот е имплементиран чип со модем кој може да поддржи приклучување на 4 телефонски линии истовремено и добивање информации во реално време, слични на оние кои биле емитувани од страна на BBC во вид на текстуални пораки – телетекст.

Истата таа 1979 година, за време на неделна прошетка со својата жена, Мајкл ја предложил идејата на својата сопруга за поврзување на тв приемникот со супермаркетот кој би можел да ги достави порачаните намирници во реално време.

Мајкл веднаш започнал со обмислување на идејата и планирање како тоа би требало да изгледа. Тој во својот дом поседувал тв приемник кој можел да биде поврзан со телефонска линија како и компјутер кој можел да поднесе процесирање на повеќе компјутерски корисници истовремено. Чипот со кој можноста да се изврши компјутерско телефонско бирање на повеќе корисници истовремено бил круцијален за овозможување онлајн продавницата од идеја да стане реалност.

Своевремено идејата за телешопинг изгледала неподржано, бидејќи не постоела побарувачка а исто така не постоел ниту супермаркет кој би се согласил на овој тип на функционирање на маркет.

За реализација на идејата било потребно да се направи анонимно истражување на пазарот како би се дознало дали постои потреба или пак не од онлајн купување. Истото покажало дека Британците се заинтересирани за овој начин на шопинг.

Презентацијата на планот и идејата за телешопингот, била прикажана на Конвенција во Њу Орлеанс од страна на Мајкл и неговата жена, вклучувајќи и еден од главните инженери. Нивната посета на Конвенцијата резултирала со успех, односно голем број од присутните биле заинтересирани за овој начин на работа како и за можноста за купување од дома.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор: www.linkedin.com

По Конвенцијата одржана во Њу Орлеанс тие се вратиле во Англија, каде продолжиле со работа на идејата онлајн купувањето да стане реалност. Тим од инженери работел на дизајнирање на повеќевлезна порта за тв приемникот и софтвер кој ќе овозможи непречена работа со повеќе истовремени корисници. Април 1980 година била наведената дата за започнување на целиот концепт на онлајн купување со пресконференција во престижен лондонски хотел.

Тие го прикажале својот компјутер, поврзан со тв приемник, кој во комуникација со останатите компјутери во мрежата ја споделува информацијата во реално време. За овој начин на поврзување голем интерес покажале компаниите на кои им била потребна дата база од своите корисници како и синхронизација помеѓу вработените, компании поврзани со дистрибуција како и оние кои сакале онлајн продавање на своите производи.

Официјално, со онлајн купување во права смисла на зборот се започнува во јули 1980 година.

Најпрво, тв приемникот поврзан со телефонска линија и компјутер бил користен од страна на големи коорпорации со голем број на клиенти, односно за потреби на една компанијата. Во 1990 година настанува електронскиот бум кој го носи компјутерот во секој дом, со што понатаму се наметнува и потребата за онлајн купување.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор:www.technofaq.org

Со доаѓањето на новиот милениум, односно 2000-та година, се воведува енкрипција за сигурно купување со платежна картичка, каде бројот на онлајн купување драстично се зголемува.

Според последните истражувања, бројот на онлајн купувачи достигнува бројка од 4 билиони корисници, број кој прикажува дека половина од населението во светот купува онлајн.

Изглед на онлајн продавница

Од почетоците на онлајн продавницата во 1980 година, па се до денес, таа е усовршена до степен кој предизвикува високи очекувања од страна на купувачите во однос на услугата која треба да ја добијат при онлајн купувањето.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор: www.aztechnews.com

Ebay и Amazon се едни од првите онлајн продавници кој датираат од 1995 година и во моментов имаат околу милион корисници на дневно ниво, но исто така располагаат и со широк избор на производи.

Доколку фокусот го поставиме во однос на маркети кои во својот склоп имаат онлајн продавница, првата карактеристика која тие треба да ја задоволат е широк избор на производи.

За сатисфакција на своите онлајн купувачи, еден од пресудните фактори за успешен онлајн маркет е негова добра организираност. Под ова се подразбира класификација на производите во групи кои овозможуваат лесно пребарување низ широката палета на производи без губење на време. Како наједноставна класификација на производите, тие би требале да бидат подредени во следните групи:

  • Свежа храна
  • Пијалоци
  • Пекара
  • Детска храна
  • Козметика
  • Производи за домаќинство
  • Домашни миленичиња итн.

Секој онлајн маркет е неопходно во својата листа да ја содржи и свежата храна, односно намирниците кои секојдневно ги користиме како:

Онлајн купување во МакедонијаИзвор:www.organiclifestylemagazine.com

Покрај свежата храна, подобро снабдените маркети во својата палета нудат и пекарски производи, како на пример свежи багети, пецива и леб, но и средства за чистење и детергенти кои по некое непишано правило треба да бидат одделени во посебна категорија – производи за домаќинство.

Со категоризација на производите во посебни групи свежа храна, козметика, пекарски производи, при самото пазарeње се добива подобра визуелизација во однос на тоа каде треба да ги побарате производите кои ви се неопходни без непотребно пребарување на секоја страна од онлајн продавницата.

Лесното пребарување на производите по тип и бренд исто така е услуга која треба да биде понудена од страна на еден онлајн маркет. Со оваа услуга производот кој ви е неопходен можете да го пронајдете за само неколку секунди.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор:www.1-800courier.com

Последните истражувања покажуваат дека најголем број од онлајн купувачите ги посетуваат онлајн маркетите најпрво за да заштедат време. Маркет кој во својата понуда ја нуди и услугата кликни и нарачај придружена со достава до дома, веќе зазема висока позиција на маркетот со голема посетеност од страна на онлајн корисниците.

Онлајн купување во Македонија

Секојдневното интернет купување во САД и Европа полека но сигурно се остварува и во Македонија. Во 2010 година само 6% од населението направило онлајн трансакција, а во тоа време во Македонија постоеа само десетина електронски продавници.

Еден од “револуционерите“ во отворањето на онлајн продавница во Македонија е “Групер”, компанија која е на македонскиот пазар од 2011 година. Тие успеаа да достигнат продажба на 500.000 купони во Август 2016 година, а денес бројат повеќе од 130.000 онлајн корисници.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор: www.it.mk

Бројот на интернет продавници е поинаков од оној пред 6 години. Последната информација од Државниот завод за статистика на Македонија е дека во моментов постојат 669 регистрирани онлајн продавници, а во однос на процентот на купувачи тој е трикратно зголемен и изнесува 19,3%.

Во однос на тоа дали Македонците купуваат повеќе од македонски или пак онлајн продавници кои не се во нашата држава, бројките кажуваат дека 73% од трансакциите се направени кон странски продавници а само 27% во македонски.

Онлајн купување во МакедонијаИзвор: www.it.mk

Кога станува збор за тоа што најмногу се купува онлајн, статистиката е следна:

  • Прехрамбени производи – 31%
  • Облека и спортска опрема – 29%
  • Музика и филм – 14%
  • Лекови – 12% и
  • Производи за домаќинство – 8%.

Онлајн купување во Македонија

Во периодот од јануари до септември, во Македонија се потрошени 63 милиони евра на онлајн трансакции, со просечна вредност од 1650 денари по трансакција.

Старосната група од 16 до 24 години го сочинува најголемиот процент на онлајн купувачи, и тоа со 23%, а зад неа како втора, со 20% застапеност, е старосната група од 25 до 34 години.

Онлајн купувачите како главна предност на овој тип на шопинг го истакнуваат заштедувањето на време но и големиот избор и палета на производи. Како придружен фактор кој доведува до одлука за е-шопинг е доставата до домашна адреса како и попустите кои се составен дел од секоја онлајн продавница.

Интернет купувањето за ЕУ жителите е најпривлечен за Британците, каде дури 81% од населението се е-корисници, а пак овој начин на шопинг е најмалку застапен во Романија, Бугарија и Кипар.

Иако сеуште постои голема доза на скептицизам кај нашето население, трендот на зголемување на македонските онлајн купувачи во иднина е предвиден да има поголем раст од досегашниот.

Заклучок:

Од почетокот на онлајн купувањето во јули 1980-та година до денес критериумите кои треба да бидат задоволени за сатисфакција на потрушувачите се далеку променети. Онлајн купувањето е мултимилионски бизнис со брз тренд на раст и постојано ривалство помеѓу компаниите, каде секоја се труди да понуди најдобра услуга на своите потрошувачи.

Со растењето на бројот на македонски онлајн продавници расте и бројот на корисници, а со самото тоа расте и процентот на онлајн купувачи.