Љубовта се меша во сѐ!

Велат дека љубовта поминува низ стомакот, па затоа го користиме денешниот ден да споделиме со вас неколку специјалитети кои се поврзуваат со најубавото чувство и го загреваат срцето.

Изразете ја вашата љубов преку храна!

„Денот на вљубените“ може да биде повод да поминете убав ден полн со љубов со саканата личност, но дури и да не сте во врска или во брак – овој ден е одлична прилика да го соберете друштвото и да им подарете вечер за паметење.
Но, зошто би трошеле пари во преполни и скапи ресторани? Зошто оваа година да не го поминете совршениот „Ден на вљубените“ во удобноста на вашиот дом?
Тоа е еден од оние празници кои ги ставаат во „слатки“ маки сите оние кои го слават, а изборот на вистинскиот подарок никогаш не е лесен.
Затоа, бидејќи храната и љубовта и тоа како имаат нешто заедничко, Рептил маркети ќе ви помогне да ја изразите вашата љубов преку храна.
Сè нека биде во знак на љубовта, покажете ги вашите кулинарски способности.

Чоколадна срце торта за страсна љубов!

Дали знаевте дека слаткиот вкус го зголемува нивото на допамин, хемиското соединение во мозокот одговорно за „страсната љубов“ ?
Исто така и двата хормона на среќа, серотонин и ендорфин, се лачат повеќе откако ќе изедете нешто слатко, како чоколадо.
Најдобра идеја е да направете торта во облик на срце. Тоа сигурно ќе го израдува вашиот партнер.Чоколадото не е само сензација на вкус, туку и симбол на љубов и топли чувства кои сакаме да ги споделиме со некого. Покрај тоа што неговите магични ароми и вкусови ни го разубавуваат денот и ни го подигнуваат расположението, чоколадото е и афродизијак кој може да ни помогне повторно да ја разгориме затворената страст на љубовта.

Храната како афродизијак

Има многу видови храна кои заслужено се нарекуваат „љубовна храна“ или афродизијаци.
Пеперони, краставици, лута пиперка, семки од тиква, авокадо, јаткасти плодови, лук, ѓумбир, јајца, јагоди се само дел од пожелните состојки на менито бидејќи го загреваат телото, а сите овие со една чаша црвено вино ќе ја направат вашата вечер за „Денот на вљубените“ магична.

„Денот на вљубените“ според многумина треба да трае 365 дена во годината. Секако, во виорот на обврските и рутините на секојдневието, не успеваме целосно да го посветиме секој ден на саканата личност, па тоа е дополнителна причина да се подготвиме навреме за да го прославиме најромантичниот ден во годината.