ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност и безбедност е созадена со цел да ве информираме кои податоци ги собираме, зошто и како ги собираме, како обезбедуваме безбедност на вашите податоци, како и да Ве информираме за Вашите права како субјект на лични податоци.

Поради оваа причина, препорачуваме да одвоите неколку минути внимателно да ја прочитате нашата Политика за Приватност и Безбедност.

Ве информираме дека Контролор и Обработувач на Вашите лични податоци е ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. Бул. Видое Смилевски Бато бр. 1/1-1, Аеродром, Скопје, застапувано од Управител Даница Личанин Блажеска, со ЕМБС 4444370 и ЕДБ4030992156342 со e-mail адреса info@reptilmarketi.mk, телефон за контакт 02/2402 765.

Како офицер за заштита на лични податоци од страна на контролорот ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје е поставено лицето Билјана Николовска, вработена во контролорoт, со e-mail bnikolovska@reptilmarketi.mk и тел. за контакт 071 377 785.

ДПТУ Рептил Дооел ја прифаќа имплементацијата на политиката за информациска сигурност како еден од виталните процеси на организацијата.

За време на користењето на нашите услуги, важно е да знаете како ги користиме вашите податоци, како обезбедуваме безбедност на податоците и како може да ја заштитиме вашата приватност.

                                                                                                          Кои податоци како ги собираме и користиме?

Ние ги собираме вашите лични податоци за да ви помогнеме и да ви обезбедиме подобри услуги.

Личните податоци што ги собираме во делот Рептил клуб” овозможуваат ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ да ве информира за најновите производи, тековни акции и промоции. Освен тоа, со податоците што ги добиваме од вас, добиваме     најточни повратни информации за нашите услуги.

Личните податоци кои ги собираме во делот Рептил клуб се чуваат трајно, се додека трае согласноста, односно се додека корисникот на картичката истата не ја врати или доколку ја повлече согласноста.

Личните податоци што ги собираме во делот Вработување овозможуваат да испратите апликација за вработување во ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ Скопје со која ќе можете да аплицирате за работна позиција која е отворена во моментот.

Личните податоци кои ги собираме во делот Вработување се чуваат 1(една) година, по што автоматски се бришат.

Ако сакате да ја разгледувате нашата веб-страна, ние не бараме никакви лични податоци, но ако сакате да учествувате во некоја од можностите и услугите што ги нуди нашата веб страница, можеме да побараме од вас да пополните апликација за да обезбедите различни лични или демографски

податоци. За приватност и безбедност во нашата политика, личните податоци се дефинираат како информации што лично ве идентификуваат или се користат за комуникација. Тие можат да

вклучуваат, на пример вашето име, поштенска адреса, адреса за електронска пошта, телефонски број, датум на раѓање, возраст и пол.

Вашите лични податоци ќе бидат собрани само со ваша дозвола (на пример, ако користите онлајн формулар за вработување достапен на наша веб-страница или апликација и свесно да ја дадете вашата апликација за Рептил клуб картичка во нашите маркети како и на онлајн апликацијата поставена на оваа страна).

Рептил ДООЕЛ сите лични податоци од купувачите ги чува во безбедносни зони, и ги собира следниве податоци:

·         Име и презиме

·         Поштенска адреса

·         Контакт Е-пошта

·         Контакт Мобилен Телефон

·         Датум на раѓање

·         Пол

·         Град

          Вашите лични податоци

·          Ќе бидат користени за полесно користење на нашата веб-страница и апликација,

·         За промовирање на нашите производи и услуги,

·         Да ги запознаеме нашите купувачи и да ја подобриме нашата комуникација,

·         Да им обезбедиме општи и посебни кампањи / предности на нашите купувачи,

·         За директен маркетинг и рекламни активности,

·         Податоците ги користиме за анализа на податоци, истражувања и други практики /                     информации за задоволството на клиентите во согласност со целта и законите.

·         Не се пренесуваат во трети земји, односно не се пренесуваат надвор од територијата на Република Северна Македонија.

·         Се собираат исклучиво за целта за која се дадени.

·         Можат да бидат користени за внатрешни анализи со цел подобрување, прилагодување како и задоволување на вашите потреби како потрошувачи со   производите и услугите кои ги нудиме.

·         Не се предмет на продажба, изнајмување или пак било какво давање на трета страна по ниту еден основ.

·         Ги собираме за да можеме да комуницираме подобро, да го обезбедиме задоволството кое го очекувате од нас и се користат единствено за   целите наведени погоре.

    Поволности од користењето на РептилКлуб картичката

 Со Рептил клуб картичката нашите купувачи добиваат можност да купат одредени производи по

 пониска цена од редовната . Попустот на овие производи го добиваат веднаш на каса , без собирање  на поени.

    Пристап и ажурирање на податоци.

 Со пристап до нашата веб страница можете вашите податоци да ги дополнувате и ажурирате. 

Никогаш нема да ви биде побарано лозинката, корисничкото име, информациите за кредитна картичка или други лични податоци преку е-пошта. Ако добиете порака која се чини дека доаѓа од нас, но се бараат вашите лични податоци, не треба да одговарате.

Кога ги ажурираме вашите лични податоци, можеме да побараме од вас прво да го потврдите вашиот идентитет за да може да се исполни вашето барање.

 Во врска со податоците кои се обработуваат од наша страна, Вие како субјект на личните податоци имате право:

·         Да дознаете дали се обработуваат или се обработувани вашите лични податоци,

·         Доколку се обработуваат можете да добиете информации за нив,

·         Да ја дознаете целта на обработувањето на вашите податоци и дали се користат според нејзината цел,

·         Доколку се погрешни можете да побарате да се ажурираат вашите податоци,

·         Може да побарате вашите обработени податоци да бидат избришани или уништени

·         Да се информирате за рокот на чување кој е наведен погоре во оваа Политика

·         Да бидете информирани за нарушување на безбедноста на личните податоци

·         Да бидете информирани дали Вашите лични податоци се даваат на трети физички или правни лица како и дали се пренесуваат во трети земји.

  Mожете да не контактирате на меил :info@reptilmarketi.mkВашите барања ќе бидат спроведени до надлежните лица, и истите ќе бидат обработени во најскоро    можно време, односно најдоцна до 15 дена од денот на приемот.

                                                                                                        Како ги заштитуваме податоците што ги собираме?

 Рептил ги презема сите неопходни технички мерки за да ја обезбеди и осигура приватноста и

безбедноста на лични податоци собрани преку нашата веб-страница. Податоците кои се собираат не се споделуваат со никого, само овластени вработени кои извршуваат анализи имаат пристап до податоците. 

Податоците ќе бидат трајно зачувани во безбедните системи на Рептил или доколку корисникот на услугата нема поднесено барање за бришење на лични податоци и откажување од целата програма.

Одјавување од листата за известувања

 Ако не сакате да бидете вклучени во нашата информативна листа, можете да ја напуштите со вашиот  избор во секое време. Доколку не сакате да добивате известувања, можете да барање преку нашата веб страна www.reptilmarketi.mk или на меил: info@reptilmarketi.mk

 Промена на Политиката за приватност ДПТУ Рептил Дооел го задржува правото во секое време да ја измени, или дополни политиката за

 приватност. За секое нејзино менување или дополнување ќе биде поставено известување на нашата веб страна.

         Директен Маркетинг

Корисникот , може да добива по меил известувања за тековни акции , кампањи, истражувања за задоволства на потрошувачите, итн, само доколку има наведено во апликацијата за клуб картичката дека сака да добива информации.

 Ако сакате да ја повлечете вашата согласност за обработка на вашите лични податоци за целите на директен маркетинг , пратете меил на info@reptilmarketi.mkили на адресата бул.Видое Смилевски Бато бр.1/1-1.

Прифаќање на услови за членство Со притискање на полето “Прифаќам”, купувачот потврдува дека ги прочитал, ги разбрал и ги  прифаќа и во целост условите за користење на услугите од програмата Рептил.

Рептил го задржува правото во секое време за менување или прекинување на оваа лојалти програма.