За нас
Прочитај повеќе за нас и нашата компанија
Приказна која трае
Повеќе од 25 години успешна работа
Рептил маркетите постојат од 1996 година и бележат континуиран раст и економски успех од своето основање. Нашата компанија е основана врз темелите на поранешните самопослуги Центро преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Ова ни овозможува да се истакнеме како единствен ланец-маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантира топла и искрена услуга за секој потрошувач. Рептил маркетите не ја забораваат топлината на маалските продавници. Нашиот приоритет е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето.
Денес, нашата компанија располага со 25 маркети со формат на мали, големи и средни. Тие се распоредени во различни населби во главниот град Скопје, а сега и во Виница, кој брои 3 маркети. Рептил Маркети е првата компанија која ја имплементираше првата онлине продавница во Македонија. Од 2015 година до сега успешно работи со константен развој и успешно следење на светските трендови на онлине пазарувањето. Пазарењето може да се прави од сите типови на уреди и е неверојатно брзо и едноставно.
Нарачаните производи ги бираме внимателно за Вас и гарантираме за нивниот квалитет и свежина, а достава вршиме низ целата држава, во термин кој ќе го одберете Вие. Или, доколку Ви е поедноставно, производите може да ги нарачате и да ги подигнете на враќање до дома во Рептил маркетот кој е најблиску до Вас.
Инспирирани од брзиот начин на живот, од 2023 година во Рептил Маркети се достапни свежо приготвени салати и оброци кои се спремни веднаш за консумирање. Истовремено, вршиме и дистрибуција на стока на големо за потребите на јавни и приватни компании, како и достава на производи до компаниите во Скопје по цени од полица.
Разумните цени се уште една наша одлика што се реализира преку бројните неделни акции, намалувања и нашиот клуб на попусти – Клуб Рептил. Клуб Рептил е семејство на потрошувачи кој моментално брои над 20.000 членови што секојдневно заштедуваат при нивното пазарење.
Во потрага по целосното задоволство на нашите потрошувачи, наша втора одлика, покрај најдобрата услуга, е големиот и квалитетен асортиман на производи чија густина по квадратен метар е над просекот карактеристичен за пазарот. Како додадени вредности во нашата услуга се свежо печениот леб, багети и печива, секојдневната испорака на свежо овошје и зеленчук, како и нон-фуд производите наменети за домаќинствата.
Половина од маркетите имаат во понудата свежо месо и слатководна и морска риба и плодови. На нашата кујна и готовите јадења особено се гордееме, менито е големо со избор на традиционална и модерна храна.
Визија
Нашата визија е да создадеме маркети кои комбинираат одлична услуга, квалитетни производи и заштеда на време и пари за купувачите. Се стремиме кон постојан раст и иновации, за да обезбедиме пријатно и ефикасно искуство при секое купување.
Мисија
Ние градиме и одржуваме доверба и задоволство кај нашите купувачи, нудејќи широк асортиман на квалитетни производи со поволни цени. Ги слеидме трендовите и нудиме беспрекорна услуга,која се одликува со насмевка, љубезност и брзина во купувањето
Вредности
Квалитет, пристапни цени и извонредна услуга се нашите основни вредности. Ние ја почитуваме традицијата, се грижиме за нашите вработени и постојано се прилагодуваме на новите трендови, за да ги задоволиме потребите на нашите купувачи.
Горди на
Нашиот успех
Во Рептил, особено се гордееме со наградите и признанијата кои постојано ги добиваме. Тие се мотивација за целиот тим и за сите наши соработници.
Награди и признанија
Посветени на
Општествена одговорност
Прочитајте повеќе за тоа што значи поимот општествена одговороност во семејството на Рептил
Погледни