Општествена одговорност

Прочитај повеќе за нас како општествено одговорна компанија

Посветени на општествена одговорност со Труд, напорна работа и успех

Рептил е компанија која е посветена на општествена одговорност. Ние се гордееме со нашите вработени и односот кој го имаат со нашите купувачи, кои ги третираме како едно големо семејство. Секој купувач е пријател, и секој локален маркет е посебна приказна. Слоганот „пазарате со срце и задоволство“ се одсликува на нашата атмосфера, посветеност и пријатно искуство за пазарење.

Рептил секогаш помага на заедницата која нè поддржува. Активно придонесуваме во локалните иницијативи за да го подобриме квалитетот на животната средина. Донираме на загрозени семејства, учествуваме на настани за деца со посебни потреби. Секогаш кога имаме прилика, помагаме од срце и со задоволство.

Со изборот на Рептил, не само што пазарите во локален маркет, туку и поддржувате компанија која длабоко се грижи за своите купувачи и заедницата.

За Велигден ги радуваме нашите најмлади, се кршиме со велигденски јајца, се забавуваме и играме заедно со Кроко.

Рептил, од 2008 година има имплементација и сертификација на стандард за управување со квалитет ISO 9001:2015. Квалитетот за нас е на прво место.

Рептил со имплементација и сертификација на системот за управување со енергија ISO 50001:2018 исто така е предводник во управување со енергија и одржливо функционирање. Со примена на стандардот ISO 50001:2018, нашите продавници оптимизираат употреба на енергија, што доведува до намалување на трошоците и помало загадување на животната средина. Рептил не само што ја зголемува оперативната ефикасност, туку и го поддржува своето посветување на социјална одговорност и одржлив развој.